Ангелите и нивната улога во нашето спасение - Свети Григориј Ниски

2820

Во сите Божји дела се манифестира чудесен поредок. Повисоките ги раководат пониските, па оттука се јавува и потребата од ангел – чувар за христијаните кои се искупени со Божјата крв.

Ангелите се исполнети со љубов кон нас и се радуваат кога еден грешник се кае; а нивната љубов е активна, и на таа благородна и корисна активност, Господ ѝ подарил полнота во слободата, како што тоа го согледуваме од Божјите зборови. Ангелите – чувари им се неопходни на луѓето и поради лукавствата на злите духови, кои луѓето не ги гледаат. Луѓето се слаби за духовен живот. Освен Божјата благодат, потребно е и лице, исполнето со благодат, мудро и силно по својата природа, а токму такви се ангелите. Освен тоа, по заминувањето на човекот од овој живот, потребни се сведоци за човечките дела против бесовите.

Присуството на ангелот – чувар со секој човек е неопходно и поради тоа што, според сведоштвото на Божјиот збор, телата на христијаните се храмови на Светиот Дух, а самите христијани – членови на Христовото тело, осветени преку Неговите крсни тајни, во кои ни се соопштува благодатта на Светиот Дух; особено и поради тоа што во светата Тајна Причест ние се соединуваме со телото и крвта Христови. Достоинството на човекот – христијанин, како орган на Христовото тело и храм на Светиот Дух, неминовно бара присуство и на ангелот – чувар, како на постар собрат и другар, кој нè раководи кон зааедничкиот Отец во царството на светоста и блаженството…

Преземено од „Вистина“ – гласник на Преспанско-пелагониската епархија, 62, година ХVII

Превел од руски: протоереј Златко Ангелески

Previous articleПреподобниот Јоаникиј Ракотински во списокот на светиите
Next articleКрстовден - Света Литургија во Свети Никола - Перт