Вера и неверие

2170

Теодор беше ученик во VII клас, но уште од мала возраст доби верско образование во семејството. Тој не остана слеп за прашањата на верата во Бога. Во спорот со децата никој не можеше да го порази.

Не се плашеше и од возрасните луѓе, зашто знаеше, дека неверието е изградено врз песочната основа на незнаењето, а православната вера – на здравиот камен на Христовото учење, кое е дадено од самиот Бог.

Не се срамуваше да ја исповеда верата отворено. Напротив, тоа го правеше со особено чувство на достоинство, зашто знаеше во Кого и во што верува. Додека минуваше крај црква, знаеше, дека не минува покрај обична градба, но покрај храм Божји.

Еднаш, иако брзаше многу, минувајќи покрај градската црква, како и обично, подзастана и со едвај забележителен поклон се помоли на света Богородица, чие име го носеше црквата. Тоа го забележа еден господин, кој разбра што направи момчето, и покрај тоа што тоа не направи нешто особено видливо. Го запре и го запраша:

– Момче, ти веруваш ли во Бога?

– Се разбира. Инаку не би се запрел и прошепнал молитва пред храмот на нашата небесна Мајка – сериозно одговори Теодор.

– Јас не верувам – предизвкучувачки кажа господинот.

– Тоа е ваше лично гледиште. Верата не се наложува насила.

Умниот одговор на детето го заинтригира господинот и тој повторно предизвикувачки го запраша:

– Каде е Бог? Јас не верувам, додека не видам.

Господинот изгледаше сериозен, образован, но прашањето му прозвучи сосема наивно на просветеното момче. Теодор собра смелост и директно му одговори:

– Господине, вие не го гледате својот ум, но ако ви кажам, дека немате ум во главата, ќе се навредите, нели?! Човекот верува во толку много нешта кои го опкружуваат, но не ги гледа. А како би можел да го види својот Творец – Бог.

– Е, има нешто, но никој не знае што е тоа – се подзамисли човекот.

Теодор се насмевна и со поучителен тоа рече:

– Господине, се е во ред со вас. Проблемот на вашето неверие доаѓа од тоа што не го знаете името на тоа „Нешто“. Тоа се нарекува Бог велик!

Теодор продолжи по патот, а господинот се подзамисли. Неговото неверие не можеше да го издржи здравото мислење на едно умно дете!

Тоа му даде повод да започне да чита литература за верата. Со текот на времето стана христијанин кој многу веруваше.

Монахиња Валентина Друмева

Извор: sveta-gora-zograph.com

 

 

Previous articleТатковиот завет
Next articleСвета Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук