High Tea Fundraiser во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук

1373

На 18 ноември, 2018 година, во културниот центар на манастирот Свети Прохор Пчински се одржа High Tea Fundraiser за манастирот. Акцијата за собирање на средства беше организирана од г-ѓа Донка Белевски со помош на повеќе пријателки на манастирот.

Собраните средства, во износ од 4,610 австралиски долари, ќе бидат наменети за набавка и изработка на мозаик – икона на светиот Прохор Пчински над влезната врата на новоизградената црква во манастирот.

Благодарност до сите учеснички во акцијата. Бог да им дарува небесни дарови!

           

 

Previous articleСвета Литургија во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин (25-та Недела по Педесетница)
Next articleРejoice in all your difficulties and sorrows