Светол Петок и Празникот на Пресвета Богородица – Живоносен Извор во манастирот Донибрук

1275

На 23 април, 2020 година, вечерта спроти Светол Петок, кога Црквата ги слави чудесата на Пресвета Богородица – Животодавен Извор и споменот на светиот маченик Антип, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, беше отслужена Вечерна богослужба во сослужение на свештенството на Австралиско-новозеландската Епархија.

На богослужбата беше извршен чинот на осветување и благословување Петолебие. По богослужбата и Литијата, кај изворот на минерална вода во манастирот, посветен на Пресвета Богородица – Животодавен Извор, беше испеан Молебен канон кон Пресвета Богородица и извршен Водосвет.

Утредента, на 24 април, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

 

Previous articleВоскресение Христово – Велигден во црквата Свети Пророк Илија во Фуцкреј
Next articlePurification of the temple and Holy Liturgy in the church of St. Demetrius of Solun in Springvale