Свето Предание

2067

ПРАШАЊЕ: Што е тоа “Свето Предание”?

ОДГОВОР: Светото Предание е збир на сите знаења за Бога, за духовниот живот, кои самиот Бог ни ги открил, покрај Светото Писмо, преку целокупното повеќевековно искуство од животот на Црквата, нејзините богослужбени текстови. Преданието ја дополнува и разоткрива смислата и значењето на текстовите на Светот Писмо, ни воведува непосредно во праксата на духовниот живот на Христијаните.

Тоа значи дека, за запознавање со основите на христијанството верата и за понатамошното усовршување во духовниот живот, неопходно е да се има и да се изучува Библијата – свештените текстови на Стариот и Новиот Завет, кои можат да ни умудрат за спасение преку верата на Исус Христа. “Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување поправање и поучување во праведност, за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело” (2.Тим 3, 16-17)

При тоа, најпрво треба да се чита и за се изучува Новиот Завет на нашиот Господ Исус Христос, зашто токму според Новиот Завет, веќе две илјади години живее Црквата Христова.

 Од книгата: Црковен живот за почетници, Протоереј Александар Торик

Библиотека „Св. Гаврил Лесновски“

Штип, 2012

 Подготвила: Елена Атеска

Previous article16 – та Недела по Педесетница – Литургија во Свети Илија – Футскрај
Next articleПреподобниот Јоаникиј Ракотински во списокот на светиите