Најава – 20 годишен јубилеј на МПЦО Света Злата Мегленска – Вереби

1716

Македонската Православна Црква Света Злата Мегленска од Вереби, по повод 20 годишниот јубилеј, ги поканува православните верници, како и оние кои во изминатиот период, помогнале, донирале и допринеле за Црковната општина, да присуствуваат и заеднички да го одбележиме јубилејот на нашата Македонска православна црква “Света Злата Мегленска” од Вереби, и прославиме храмовиот празник – споменот на Светата Великомаченица Злата Мегленска.

Свеченостите ќе се одржат според следната Програма:

  • 21 октомври 2017 година:

– 18:00 – вечерна богослужба;

– 19:00 – свечена прослава (бал) во салата при Црквата, со реномирана македонска музика и богата лотарија. (Информации и резервации: Пеце Менчевски – 0410 891 957, и Тони Јузмески – 0415 737 782).

  • 25 октомври 2017:

– 19:00 – вечерна богослужба, а потоа заедничка трпеза во Црковната сала,

  • 26 октомври 2017:

– 8:00 – Празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија. По богослужбата, извршување на водосвет, кревање на празничниот леб, избор на домаќин за наредната 2018 година и заедничка трпеза.

Од Црковната управа на МПЦО Света Злата Мегленска – Вереби

Previous articleDo not rush for three things
Next articleАmazing Spiritual Law