Молитвено одбележан храмовиот празник во црквата Свети Никола во Престон

946

На 19 декември, 2018 година, во црквата Свети Никола во Престон, Мелбурн, беше прославен храмовиот празник – споменот на светиот Никола, Архиепископот Мирликиски – Чудотворец.

Вечерта, спроти празникот, се отслужи празнична вечерна богослужба, а утредента празнична утрена и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, во црковната трпезарија беше послужена трпеза на љубовта.

 

 

Previous articleМолитва за простување
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај